Превземање на отпад

image

За сите типови на електронски и електрични уреди со вкупна маса поголема од 50 kg (се однесува на вкупен збир на маса на сите уреди и опрема која се превзима) можете да закажете нивно превзимање преку нашата транспортна служба која е во обврска да го превземе во рок од 14 дена по пополнување на електронска апликација или со директна телефонска најава.

ЕЕ Рециклажа ,Ф-Групација доо, Скопје е овластена компанија за превзимање на неисправна електронска и електрична опрема со дозвола за вршење на дејност складирање, третман и преработка на електронски и електричен отпад под број 11-6462/3 од 18.09.2011 издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тоа значи дека сме лиценцирани да го превземеме вашиот ЕЕ отпад и да ви издадеме соодветен сметководствен документ за управување со ЕЕ отпад, кој ви овозможува да сметководствено ја отпишете амортизираната ЕЕ опрема.

Нашите услуги вклучуваат:

o Организација за превзимање и транспорт на уреди поголеми од 30 kg на цела територија на Р. Македонија

o Бесплатан повик на телефонски број 02/ 3 209 189 (9h – 17h) за сите совети во врска со вашиот ЕЕ отпад

o Доколку имате прашања пратете ги на contact@ee-otpad.mk

Што е ЕЕ уред?

o голем домашен апарат
o разладни уреди и клими
o термо-акумулациони печки
o мали домашни апарати
o опрема за информатичка технол. и телекомуникација
o монитори
o опрема на широка потрошувачка за забава
o телевизиски апарати
o опрема за осветлување
o флуоресцентни, компактни, и останати сијалици
o играчки, опрема за рекреација и спорт
o електричен и електронски алат
o медицински помошни уреди
o инструменти за следење и надзор
o автомати

За сите информации во врска со законските регулативи за електронски и електричен отпад посетете го линкот на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk  


Download our company presentation here