Отпис на отпад

image

ИТ ОПРЕМАTA не е вечна, но потребна е цела вечност да се разградат сите нејзини компоненти. Затоа превзимањето, транспортот и третманот на ЕЕ-отпадот е строго регулиран со Законот за Управување со Отпад.

Ние во ЕЕ-рециклажа ви нудиме решение за расходувана опрема, сметачите, мобилните телефони, печатарите, големи и мали апарати и друга електронска и електрична опрема.

Со нашата професионална поддршка, можете да се ослободите од вашиот ЕЕ-отпад, со почитување на сите законски обврски и еколошки стандарди.

Со акцијата “Отпис на отпад” ви нудиме услуга на превзимање на сите количини на ЕЕ-отпад. Истовремено, имате право на враќање на ДДВ за вашата расходувана опрема со издадена спецификација и документ од нашата компанија.

ЕЕ-рециклажа е компанија која е опремена со специјализирана линија на која се одвива процесот на селекција, преработка и третман на електронски и електричен отпад: CRT монитори, телевизори сите типови на панели, како и со линија за преработка на компјутерска опрема.

Со нас можете да бидета во потполност сигурни дека електронскиот отпад ќе биде третиран и уништен на правилен начин, а материјалите кои се содржат во него ќе бидат пренасочени во нов циклус на производство.

На ваш повик доаѓаме на вашата адреса и ги отстарануваме сите неисправни или застарени уреди кои веќе не ви се потребни.

УНИШТУВАЊЕ НА РАСХОДОВАНА ЕЛЕКТРОНСКА И ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА

Во случај на уништување на расходованата електронска и електрична опрема ДДВ –то не се пресметува. Имено, електронска и електрична опрема ( компјутерска опрема, мобилни телефони електрични апарати, фотокопир и други машини, клима уреди и друго) можат да ја третираат само специјализирани организации во согласност со Законот за управување со отпад

Овие организации во прилика на превзимање на расходувана електронска и електрична опрема издаваат потврда и ја наплатуваат услугата за превзимање и уништување на опремата. Обврзникот кој ја предал раходуваната електронска и електрична опрема на специјализираната организација, која поседува лиценца, не го пресметува ДДВ-то бидејќи опремата нема трговска вредност. Ако специјализираната организација издава ДДВ сметка за услугата за превзимање и уништување на опремата, испоручувачот на расходованата опрема има право на одбиток на предходниот данок.

ЗАКЛУЧОК

Расходувана електрична и електронска опрема мора да се третира во согласност со законот. Доколку расходуваната опрема се испорача со надокнада на лице кое е овластено за нејзино превзимање, класификација и рециклажа не се пресметува ДДВ земајки во предвид дека на основ на објективни критериуми е проценето дека истата нема трговска вредност.

Доколку, рaсходуваната електронска и електрична опрема се уништува без докази дека е отстранета во согласност со Законот , ви обврнуваме внимание на фактичка состојба која влијаје на постоење и висината на даночната обврска во секој конкретен случај, се утврдува и проценува од страна на даночен орган, во согласност со начелата за утврден даночен протпис со кои се уредува даночна постапка и даночна администрација. Тоа значи ако оваа опрема ја исфрлите како отпад, на неа се одредува пазарна цена и на неа се пресметува ДДВ, со напомена дека на овој начин ги кршите одредбите од Законот за постапување со отпадните материјали и подлегнувате на инспекциски надзор.

ИМАТЕ ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД?

Ние сме лиценцирани оператери за превзимање и правилен третман на вашиот ЕЕ-отпад.

Јавете ни се на 02/ 3 209 189 или пратете ја вашата пополнета апликација на нашиот линк контакт и ние ќе организираме превзимање на вашата опрема со издавање на потребна документација.

ШТО СЕ ДОБИВА СО ПРEДАВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ И ЕЛЕКТРИЧНИОТ ОТПАД?

Со предавање на застарената опрема на ЕЕ-Рециклажа ги создавате следните предности:

o Се стекнувате со можност за книговодствен отпис на опрема.
o Ја почитувате законската процедура за одложување на опаснен материјал.
o Заштедувате на неопходен работен простор во компанијата.
o Поддржувате рационална употреба на природни ресурси.
o Помагате во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето.


Download our company presentation here